Ливерпул апелираше до навивачите да не се собираат пред „Енфилд“
Фудбалскиот клуб Ливерпул се приклучи на апелот на полицијата и градските власти и ги замоли своите фанови да го следат доделувањето на шампионскиот трофеј во Премиер лигата од дома и да не се собираат пред стадионот „Енфилд“.
Ливерпул го освои првенството оваа сезона, за прв пат по 30 години. Трофејот ќе му биде претставен на тимот в среда по натпреварот со Челси на „Енфилд“.
Клубот, надлежните и здружението на навивачи ги предупредија приврзаниците на Ливерпул дека собирот среде пандемијата на коронавирусот продолжува да претставува голема закана за локалните заедници.
Телевизијата Скај Спорт ќе го емитува натпреварот и доделувањето на трофејот бесплатно.
– Клупските и телевизиските компании внимателно се подготвија да обезбедат милиони луѓе да уживаат во овие специјални моменти, на екранот, во удобноста на своите домови. Во оваа пригода, најдобро место во куќата е дневната соба. Едноставно нема корист од доаѓањето на стадионот, затоа што ние како град не можеме да дозволиме луѓето да се соберат во голем број, се наведува во објавата на надлежните, пренесе „Скај“.
Фудбалерите на Ливерпул ќе бидат претставени со трофејот на специјално изграден подиум на „Коп“, опкружен со знамиња на навивачи.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто