Лишени од слобода возачи во Македонски Брод и Македонска Каменица, управувале возила под дејство на алкохол
МВР информира дека ноќеска во 00:44 часот во Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода М.Т.(36) од Македонски Брод. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер" со регистарски ознаки од Македонски Брод, кое М.Т. го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,52 промили алкохол во крвта.
Според МВР, претходно, во 00.23 часот на ул.„Осоговска“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Делчево ја лишија од слобода В.В.(18) од с.Бориево, општина Босилево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувала В.В. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта. Лицата се исклучени од сообраќај и по целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Скопје - Тетово, ан ГП „Табановце“ се чека половина час
-
ДЗС: Активни четири пожари, под контрола три, 18 изгаснати
-
Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат
-
Министерот Алиу најави реформа на Мој Термин
-
Шест лица и едно дете пренесени на Клиниката за токсикологија по пожар во стан во Скопје
-
АНБ: Одземени огнено оружје и мобилни уреди при претреси на две локации во Скопје
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно