Loading Video...
Тенис
6. July 2020 - 15:11

Лина Ѓорческа успешно го продолжува својот настап во Белград.

 
Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа со победа го продолжи својот настап на Источноевропскиот турнир што  се игра во Белград. 
 
Во првиот меч од втората фаза на турнирот Ѓорческа за 1 час и 6 минути во два сета ја победи домашната тенисерка Доротеја Јоксовиќ,  добивајќи го првиот сет без загубен гем односно со 6-0, а вториот Лина го доби со 6-4. 
 
Нашата тенисерка во Белград ја очекуваат уште три меча, а веќе утре ќе игра против Турчинката, Башак Ерајдин која е послабо рангирана од Ѓурческа за 86-места на ВТА листата.