Лимани за раздорот во ДУИ: Ахмети работи во насока за спојување на ДУИ со СДСМ
Фатмир Лимани, заменик директор на ЕЛЕМ, внук на Али Ахмети и член на ДУИ во синоќешното гостување во „Клик Плус“ дебатираше заедно со политичкиот аналитичар Сефер Селими и со новинарот Фуркан Салиу на сите актуелни политички состојби во земјава.
Лимани даде оставка пред една недела од сите позиции во ДУИ, и се промовираше како независен канидат за градоначалник на Кичево.
Лимани имаше сериозни забелешки за новото раководство на ДУИ, и ги обвини дека работат за соединување на СДСМ, односно ДУИ и СДСМ да станат едно.
– Не можам да кажам со сигурност дека Ахмети работи за спојување на ДУИ со СДСМ, но со неговите политики и постапки последните неколку месеци станува јасно дека Ахмети работи во таа насока. Затоа сум револтиран. Затоа има многу други членови на ДУИ кои се против ова спојување. Мислам на Муса Џафери, Изет Меџити, Садула Дураку, Блерим Беџети и други. Овие луѓе се против моменталните политики на ДУИ и против именувањата на функционерите на ДУИ во Влада, затоа што ниту еден од нив ги нема поминато партиските филтри, рече Лимани.
Ново на Сител
-
Четири килограми марихуана и амфетамин пронајдени кај 27 годишник во Драчево | ВИДЕО
-
Подигнати 75 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Чаир и Кисела Вода
-
Влада: Инвестициски бум, 6 нови странски инвестиции за 6 месеци и 2000 нови работни места
-
Борусија Дортмунд неколку месеци без Шуле
-
Наполи еден месец без Кварацхелија
-
Зеленски му рекол на Трамп во Париз дека бара безбедносни гаранции за да се стави крај на војната
-
Груби и Беџети на црната листа на САД, судството и политичарите бараат истрага и решавање на случајот
-
Трамп вели дека решавањето на украинската криза е негов главен приоритет