Кошарка
18. February 2017 - 9:40

Лимак Куп: МЗТ Скопје во „четворката“ полуфиналисти

Кошаркарите на МЗТ Скопје како последни се пласираа во полуфиналето на Лимак Купот на Македонија што се одржува во Кавадарци. Во последното четвртфинале одиграно синоќа МЗТ Скопје Аеродром го победи Кожув од Гевгелија со 83:72. Бранителот на трофејот МЗТ Скопје победата ја обезбеди откако ја доби првата четвртина со 23:11. Најефикасни со по 24 поени беа Ѓорѓе Дреновац и Џош Скот од МЗТ Скопје.
На другите четвртфинални натпревари беа постигнати следниве резултати: Карпош Соколи – Вардар 92:84, Фени Индустри – Охрид 112:69 и Работнички – Куманово 87:81.
Во првото полуфинале од 18 часот играат: Карпош Соколи – Работнички, додека во второто полуфинале од 20:30 часот домаќинот Фени Индустри за ривал го има МЗТ Скопје Аеродром.
Како најава на машките полуфинални дуели се натпреварите во женска конкуренција: Бадел – МНА Кожувчанка (почеток 13 часот) и Вардар – Пелистер (почеток 15:30 часот).