Кошарка
14. јуни 2020 - 10:39

Лилард се закани на Л.А. Лејкерс

Лидерот на Портланд, Демијан Лилард е уверен дека неговиот тим може да ги победи Лејкерси предводени од Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Во интервју за „Венити фер“, плејмејкерот на „блејзерси“ елоквентно одговори на прашањето дали сака да се сретне со „езерата“ во потенцијална битка меѓу првиот и осмиот во плеј-офот на Западната конференција.

– Секако. Мислам дека можеме да ги победиме, рече Лилард.

Пред тоа да се случи, сепак, Блејзерс ќе треба да се изборат за 8-то место во конкуренција на уште 5 екипи.

Во моментов, Портланд е на деветтото место со биланс од 29-37, но има 3,5 победи зад осмиот Мемфис.

Во жестокиот спор се и Њу Орлеанс, Сакраменто, Сан Антонио и Феникс.