Фудбал
15. November 2018 - 18:30

Лихтенштајн е нашиот стар „муштерија“

Македонската фудбалска репрезентација утревечер во 20.45ч во Вадуц игра натпревар од Лигата на нациите против домашниот Лихтенштајн.  Победата е потребна за зацврстување на првото место на табелата и пред се враќање на самодовербата  по поразот во Ерменија.

                 Македонија досега одиграла  7 средби против Лихтенштајн и има забележано 6 победи и само еден нерешен резултат. Импресивната гол разлика  ја најави првиот историски дуел помеѓу овие две селекции пред повеќе од 20 години кога во Вадуц ја забележавме историската победа од 11-1 што е најубедлива досега за „рисовите“.

                Убедливо делуваше Македонија и на последното гостување во малата држава кога победивме со 4-0 и потоа во Струмица со 4-1. Селекторот Игор Ангеловски тешко го прими поразот во Ереван но верува дека неговите избраници имаат сили да се вратат резултатски:

                „ Избрав 11 играчи кои треба да ни донесат победа утревечер. Не е важно против кого играме туку за каква цел.Влогот е голем затоа дојдовме неколку дена порано за да се прилагодиме на условите во Вадуц“.

                И покрај слабиот ден во Ереван Ангеловски го најави на голот Столе Димитриоски. Се очекуваат мали промени во стандардниот состав бидејќи не се во комбинација Алиоски и Елмаз. Останатите се здрави и подготвени да го дадат максимумот.

                По 4 одиграни кола Македонија е на врвот со 9 бода, три повеќе од Гибралтар и Ерменија кои го делат второто место.