Фудбал
2. April 2017 - 10:00

Лига купот за ПСЖ

Екипата на ПСЖ по четврти пат во серија го освојува францускиот Лига куп. Синоќа во финалето што се одигра во Лион ПСЖ го победи лидерот на табелата Монако со 4:1.
Освојувачот на Лига купот поведе во 4.минута со голот на Анхел Ди Марија. Монако успеа да изедначи во 27.минута преку Томас Лемар. На една минута пред крајот на првиот дел Ди Марија го постигна својот втор гол за ново водство.  Со двата гола на Единсон Кавани во 54.минута и во 90.минута.
Екипата на Монако последен пат во Лига купот победи во 2003 година.