Фудбал
14. July 2016 - 11:23

Лига Европа: Шкендија гостува кај Нефчи

 
Екипата на Шкендија од Тетово попладнево го игра првиот натпревар од 2.коло од квалификациите од Лига Европа. Македонскиот претставник во ова натпреварување откако успешно ја мина Краковија сега е пред нов предизвик, да се совлада Нефчи од Азербејџан. Во редовите на оваа екипа настапува и македонскиот репрезентативец Ванче Шиков.
 
Покрај желбата да се постигне позитивен резултат во Шкендија се свесни дека треба и да се потврдат добрите игри од натпреварите со полската екипа и дека само на тој начин може да се има шанса за пласман во следната рунда.
 
Според најавите тренерот на македонскиот тим Бруно Акраповиќ нема проблеми со составот и може да смета на сите играчи, а кои 11 ќе стартуваат ќе реши пред натпреварот.
 
Екипата од Тетово синоќа тренираше на „Бакчел Арена“ каде со почеток во 18 часот (македонско време) се игра натпреварот. Судија е Сергеј Цинкевич од Белорусија.
 
Покрај овој дуел денеска се играат уште 32 од 2.коло од квалификации од Лига Европа.