Фудбал
21. August 2017 - 8:29

Лига 1: ПСЖ со „шестка“ го испрати Тулуз

Екипата на ПСЖ постигна убедлива победа на последниот натпревар од 3.коло од Лига1 откако синоќа го совлада Тулуз со 6:2. Стрелци на головите беа: Нејмар (2), Адриен Рабио, Единсон Кавани (пенал), Хавиер Пастор и Лавин Курзава. Гостите од Тулуз имаа водство од 1:0 со голот на Макс Градел, а вториот гол за оваа екипа беше автогол на Тиаго Силва. ПСЖ со оваа победа заедно со шампионот Монако и Сент Етиен „парижаните“ имаат максимални девет бодови.
 
Комплетни резултати од 3.коло:
ПСЖ - Тулуз 6:2,
Олимпик Марсеј - Анже 1:1,
Лил - Каен 0:2,
Монпеље - Стразбур 1:1,
Ница - Генгамп 2:0,
Рен - Дижон 2:2,
Сент Етиен - Амиен 3:0,
Троа - Нант 0:1,
Олимпик Лион - Бордо 3:3 и
Мец - Монако 0:1.
 
Табела: ПСЖ 9 бодови, Монако 9, Сент Етиен 9, Олимпик Лион 7, Олимпик Марсеј 7,...