Фудбал
1. October 2016 - 10:30

Лига 1: Нова домашна победа за Рен

Екипата на Рен ја постигна и четвртата победа на домашен терен откако во првиот дуел од 8.коло од Лига 1 синоќа го совлада Генгамп со 1:0. Решавачкиот гол домашните го постигнаа Адама Диахаби во последната минута и со тоа екипата на Рен ја искористи предноста по исклучувањето кај гостите (Мустафа Диало во 64.минута).
Денеска се играат следните натпревари: ПСЖ – Бордо, Каен – Тулуз, Дижон – Монпеље, Лил – Нанси, Мец – Монако и Нант – Бастија. 
Колото ќе биде комплетирано утре: Анже – Олимпик Марсеј, Ница – Лориен и Олимпик Лион – Сент Етиен.
Табела: Ница 17 бодови, Монако 16, Тулуз 14, ПСЖ 13, Бордо 13, Мец 13, Рен 13,...