Фудбал
28. September 2015 - 9:47

Лига 1: Ница „реди“ победи

Фудбалерите на Ница ја постигнаа и третата победа во серија откако синоќа славеа на теренот на Сент Етиен со 4:1.
 
Гостите убедливо водство имаа на крајот од првиот дел кога водеа со 3:1, а два гола постигна Хатем Бен Арфа.
 
Ница на стартот од вториот дел го зголеми водството, а последните десетина минути ги играше со девет играчи поради двете исклучувања. Сент Етиен не успеа да го намали поразот, а притоа и не реализираше пенал.
 
Резултати од осмото коло од  Лига 1: 
Сент Етиен – Ница 1:4, 
Генгамп – Монако 3:3, 
Монпеље – Лориен 2:1, 
Олимпик Марсеј – Анжи 1:2, 
Бастија – Тулуз 3:0, 
Бордо – Олимпик Лион 3:1, 
Каен – Ајачио 2:0, 
Рен – Троа 1:1, 
Нант – ПСЖ 1:4 и 
Ремс – Лил 1:0.
 
Табела: ПСЖ 20 бодови, Сент Етиен 16, Рен 15, Ремс 15, Анжи 15, Каен 15, Ница 14,...