Фудбал
22. February 2016 - 8:45

Лига 1: Минимална победа за Лил

Екипата на Лил постигна минимална победа од 1:0 на последниот дуел од 27.коло од Лига 1 во Франција. На домашен терен Лил го победи Олимпик Лион со голот на Софиан Буфал во 28.минута. Гостите натпреварот го завршија со девет играчи по исклучувањата на Кристоф Жале и на Клеман Гарние.
 
Резултати на другите дуели од 27.коло:
Каен – Рен 1:0,
Олимпик Марсеј – Сент Етиен 1:1,
Анжи – Монпеље 2:3,
Лориен – Генгамп 4:3,
Монако – Троа 3:1,
Тулуз – Ајачио 1:1,
ПСЖ – Ремс 4:1 и
Бордо – Ница 0:0.
 
Табела: ПСЖ 73 бодови, Монако 49, Ница 41, Сент Етиен 41, Олимпик Лион 39, Нант 39, Каен 39, Рен 38,...