-->
-->
Лидерска средба во обид за изнаоѓање решение за кризата во Косово
-->
Косовскиот претседател Атифете Јахјага ги покани лидерите на политичките партии на заедничка средба денеска во нејзиниот кабинет, посветена на пронаоѓање решение за актуелната политичка криза на Косово.
Обединетата косовска опозиција побара од претседателката да закаже предвремени парламентарни избори, нагласувајќи дека причина за тоа е формирањето на Заедницата на српски општини.
Опозицијата е против формирање на оваа Заедница, бидејќи стравува дека таа ќе наликува на Република Српска во БиХ.
Претходно овој месец трите водечки опозициски партии во Косово му дадоа рок на премиерот Иса Мустафа до 17 февруари да поднесе оставка и да закаже предвремени избори и се заканија дека доколку тоа не се случи, секој ден ќе одржуваат протести.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк