Македонија
18. January 2016 - 17:37

Лидерска средба на владеачката коалиција - Предвремени парламентарни избори на 24. април

Македонија тргнува одлучно во намерата да се стави крај на политичката криза. Премиерот Груевски по средбата со лидерите од коалицијата За подобра Македонија со јасен став. Одиме на избори на 24 април

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска се откажаа од сите забелешки и комплетно ја прифатија предложената методологија на ДИК за пречистување на избирачкиот список за чија имплементација комесарот Хан потенцираше дека Македонија има и време и капацитет. Груевски рече дека двете најодговорни институции за спроведување на изборите, МВР и ДИК се во рацете на СДСМ и дека тие имаат капацитет за да спроведат фер и демократски избори
 

Поддршка на одлуката за предвремени избори која денеска со акламација ја донесе Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ дадоа сите лидери од коалицијата За подобра Македонија

Избори на 24 април денеска побара и владејчката ДУИ. Од таму велат дека овој чекор го преземаат за да се надминат сите можни пречки за изборниот процес и ги повикуваат сите политички партии да ги стават државните над партиските интереси.

Проти избори единствено е СДСМ од каде остануваат на ставот дека нема да се појават пред граѓаните доколку како што велат не се пречисти избирачкиот список и не се донесе нов закон за медиуми.