Македонија
8. April 2017 - 16:06

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети јасно и гласно се изјасни: Србите и Македонците извршиле геноцид врз Албанците

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети со јасен став: Србите и Македонците извршиле геноцид врз Албанците. Во своето интервју по повод десетгодишнината од Охридскиот рамковен договор, Ахмети објаснува дека поделеноста помеѓу Албанците и Македонците почнува уште од 1913-та, кога во селото Зајас биле масакрирани стотици луѓе од страна на српската војска.

Понатаму во 1945-1946 година само во моето село биле егзекутирани стотици луѓе без пресуда со изговор дека тие биле соработници на нацифашизмот.  Тие кои биле балисти или тие кои биле  колаборационисти  побегнале,  некој побегнал во Америка, некој во Турција и државата не можела да ги фати. Таму останало невино население. Голем дел од моето село Зајас биле егзикутирани без пресуда и биле фрлени во масовни гробници. Сето тоа е сторено од месни жители кои биле Македонци. Доколку во 1913 година тоа се случи од српските војници, во 1945-46 година тоа се случи од мештаните, објаснува Ахмети.

Токму барањето Македонците и Србите да се прогласат за геноциден народ, а партизаните и нивната партија за извршители е дел од платформата на албанските партии за која ниту СДСМ, ниту ДУИ не негираат дека е имаат усогласен став.

Таму има една формулација, каде што се осудуваат војски од минатиот век, коишто убивале цивилно население. Нема ништо лошо во тоа. Некои алудираат дека тоа биле српски војски, некои викаат дека биле германски, некои италијански, некои бугарски војски, за времето на фашизмот, вторите балкански војни и слично, изјави Заев во интервју за ХРТ.

Кон овие изјави се надоврзуваат и скандалозните ставови на Зијадин Села од Алијансата на Албанците кој многупати досега го негираше македонскиот идентитет.

Покрај резолуцијата за извршен геноцид, платформата на албанските партии предвидува и воведување двојазичност на целата територија, дебата за промена на знамето, химната и државниот грб, како и ослободување од затвор на етнички Албанци осудени за најтешки кривични дела.