Лицата со посебни потреби со куче придружник ќе можат да ги коститат услугите на ЈСП Скопје
Во возилата на ЈСП Скопје и во кабините на Жичарницата на Водно отсега ќе биде дозволено лицата со посебни потреби да можат да влезат со куче придружник.
Одлуката е донесена со оглед на фактот дека кучињата придружници се од голема помош на посочената категорија лица, имајќи во предвид дека тие им се од голема корист како дополнително помагало во извршување на секојдневните обврски и активности, соопшти ЈСП Скопје.
Апелираат и до останатите јавни институции, маркети, кина, театри, трговски центри, да донесат соодветна одлука, а со тоа да се вклучат во подигнување на јавната свест за отворени врати и слободен пристап на кучињата придружници на лицата со хендикеп.
Од ЈСП Скопје ги повикуваат сите корисници на нивните услуги да се воздржат од негативни реакции доколку се доведат во ситуација да се возат со лице со куче придружник имајќи предвид дека кучињата се безопасни по околината, тие се специјално дресирани со намена за придружба и движење на таа категорија лица.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација