Македонија
1. November 2017 - 17:13

Лицата со аутизам без пристап до квалитетно образование и здравство

Здравството во Македонија назадува кога се во прашање лицата со аутизам, реагираат родители со деца кои живеат со ваква состојба. Според нив наместо надлежните да отвораат Центри и да применуваат современи протоколи за третман ситуацијата со години е статус кво. Препуштени се самите на себе, а многумина тешко прифаќаат дека детето е со аутизам.

Покрај здравството проблем е и образованието. Иако во последно време се повеќе деца се вклучуваат во образовниот процес нашите наставници не се едуцирани како да работат со овие лица. Многу слаба грижа се води и за повозрасните.

Според податоците на здружението за аутизам во земјава има околу 170 лица кои живеат со ваква состојба, но се претпоставува дека бројката е многу поголема бидејќи сеуште државата нема национален регистар.