Свет
25. March 2016 - 9:00

Либиската Влада во Триполи прогласи вонредна состојба

Либиската влада во Триполи, поддржана од исламистите, прогласи вонредна состојба откако е соопштено дека пристигнале четворица членови на формираната Влада на национално единство со посредство на ОН.

Таканаречената влада за национален спас соопшти дека им е наредено на министерството за одбрана, на полицијата и на безбедносните служби да „ги зајакнат единиците на контролните пунктови“.

Владата во Триполи, која е една од трите влади во Либија, ги предупредила претходно ОН да не се обидува да постави влада во либискиот главен град.