Свет
12. July 2016 - 17:52

Либерман не и дозволи на израелска делегација да оди на состанок на Западниот брег

Канцеларијата на израелското Министерство за одбрана денеска соопшти дека на израелска делегација не и дозволува пат на Западниот брег, каде е договорен состанок со палестинскиот претседател.

Канцеларијата на Авигдор Либерман соопшти дека го одбила барањето на делегацијата да патува во Рамала, бидејќи во палестинската екипа, се која е предвиден состанокот, бил  вклучен и Мохамед Ал-Мадани, помошникот на претседателот Махмуд Абас задолжен за соработка со израелското општество.

Либерман го обвини ал - Мадани за „субверзивни активности“, пренесуваат американските медиуми.

Израелската делегација е формирана врз основа на Женевската иницијатива, група која го промовира договорот за мировната спогодба со  Палестинците. Екипата ја сочинуваат Јоши Беилин некогашен министер и мировен преговарач и членови на партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Гади Балтиански, шефот на групата, го обвини Либерман дека безбедноста ја користи како изговор за испраќање политички пораки.