Левица: Владата со ДДВ ќе ја спасува кризата – наместо да ги оданочи најбогатите компании
Историски највисокиот буџет изгласан до сега во Република Македонија, во време на економска, здравствена и енергетска криза, целосно потфрла во полето на социјалните политики.
Предлог буџетот кој што Владата го усвои за време на изборната кампања, а го објави ден после изборите, како не би им наштетила на сопствените кандидати, на реален начин ја отсликува целата досегашна работа на коалицијата на социјалдемократите предводена од нивните „зелени“ коалициони партнери – ДУИ.
Имено, предлог-буџетот за 2022 година предвидува зголемување на приходите остварени преку ДДВ за 14.8% проценти во однос на ребалансот на буџетот од 2021. Ова е делумно очекувано да се случи, доколу Владата манипулира за енергетската криза и истата навистина резултира со поскапена струја и доведе до зголемена инфлација во 2022 година, осиромашувајќи го народот и задолжувајќи го по лихвари и банки.
Од друга страна, нема да е прв пат проектираните приходи во предлог-буџетот да се намерно повисоки во одредени ставки, само за да се затскрие намерата на Владата уште повеќе да нè задолжи во текот на годината и да ги коригира приходите во конечната реализација на буџетот.
Од една Влада што декларативно содржи социјал-демократска компонента во својот состав, контроверзно е со проектирање на повисоки приходи од ДДВ да ги покрива дупките во буџетот, а истовремено да не проектира никакво зголемување или воведување на прогресивно даночење на добивката (профитот) на екстремно богатите компании. Банките континуирано фаќаат 2 до 3 места во топ 5 фирми по добивка во Републиката, но нашата Влада нема никаква политичка волја да ја коригира оваа општествена неправда. Дури и за време на ковид-криза, кога илјадници работници ги изгубија работните места поради лошите политики на власта, банките реализираа зголемување на добивката за 8,5% во однос на 2019 година.
Ваквата структура на јавните приходи потврдува дека повторно товарот на кризата ќе го понесат обичните граѓани и најсиромашните, без никаква социјална компонента за фер и правична распределба на богатството во најсиромашната држава во Европа.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
Ново на Сител
-
Седма пленарна конференција на Национална конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија
-
Новиот премиер Мохамед ал Башир им вети на Сиријците стабилност и спокојство
-
Русија: Го префрливме Асад на најбезбеден начин
-
Уставен суд ќе ја почнe расправата за Законот за јазиците
-
Намалена видливост поради магла на планиските премини Ѓавато и Страцин
-
Променливо облачно, претпладне со магла по котлините
-
Лишени од слобода разбојници од Арачиново
-
„Воздух, здравје и ништо помалку“: Граѓаните маршираа за чист воздух