Левица: Мерките за енергетската криза се половични решенија

Владата вчера донесе мерки кои се лош плагијат на мерките кои, во континуитет, ги предлага Левица уште од почетокот на енергетската криза.
Независно дали е во прашање суета на Премиерот, незнаење или политичка калкулација, сепак на крајот, Владата ќе мора во целост да ги прифати предлог решенијата која ги понуди Левица, за ублажување на кризата со електричната енергија.
Половичните мерки кои вчера беа презентирани само делумно ќе го амортизираат ударот кој следи од високата цена на струјата.
Ако се знае дека 100% од струјата за Универзалниот снабдувач ја обезбедува државната ЕСМ (ЕЛЕМ) и дека маржата на ЕВН Хоме е 11.5%, се поставува прашањето:
Зошто основните и средни училишта да одат на регулиран пазар, а да не бидат снабдувани од државната ЕСМ Продажба по иста цена која би ја имале на регулиран пазар, со што би се избегнала маржата спрема ЕВН Хоме?
Ако се знае дека ударот од кризата со електрична енергија Владата ќе го амортизира директно со народни пари, од Буџетот на државата, се поставува прашањето:
Зошто се избегнати сите државни институции, јавни и државни компании, општини и комунални претпријатија од мерката државната ЕСМ Продажба да ги снабдува по прифатлива цена за сите, со што би се запрел одливот на народни пари во приватни фирми кои тргуваат со струја?
Дали, после оваа енергетска криза, власта почна да прави разлика од “домашно” производство и “државно” производство на електрична енергија и конечно се вразуми, па под итно ќе ги прекине постапките за продажба на локациите кои се потенцијал за државно производство на струја, како што е локацијата за изградба на Чебрен и Галиште?
Апелираме до Владата на Ковачевски да прекине со импровизација и под итно да ги спроведе предлозите на Левица, со што би заштедиле во време за справување со кризата, а со тоа и пари на граѓаните на Македонија.
Политичка партија Левица
Ново на Сител
-

Врнежите ја пролонгираа есенската сеидба
-

Со растечката примена на вештачката интелигенција мора да постои регулатива
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сашо Топаловски, началник на СВР Скопје
-

За разговори меѓу Скопје и Софија ќе се чекаат подобри времиња
-

Брза помош Скопје - Помалку сообраќајки со тешки последици, зголемен број на мозочни удари
-

Кои се пропустите на угостителските објекти: Засилени теренски контроли на МВР и инспекциските служби
-

Ако Уставниот суд ги укине блок тарифите, неминовно ќе биде поскапување на струјата, велат експертите
