-->
-->
Лев: Германија изгледаше премногу уморно, разочарани сме
-->
Селекторот на Германија, Јоаким Лев ги сумираше впечатоците по синоќешниот пораз (1:2) од македонската репрезентација во квалификацискиот меч за СП 2022.
– Ние сме целосно разочарани, нашиот тим изгледаше премногу уморно. Немаше енергија во нашата игра, направивме премногу грешки. Кога брзо ја движевме топката, изгледавме опасно. Нашиот противник беше длабоко во својата половина, па не можевме да најдеме начин да ги разбиеме. Општо, ова е разочарување, го цитира Лев официјалната веб-страница на германската репрезентација.
По овој натпревар Германија и С Македонија имаат по шест бода и се на делба на втората и третата позиција во групата Ј, води Ерменија со девет бода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанец ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец