Џет-Сет
18. August 2015 - 11:40

Летаат понуди од сите страни - Само што наполни 18 веќе има три понуди за да сними порно-филм

Само што наполни 18 години, полусестрата на Ким Кардашијан добила веќе три понуди за да сними порно-филм – секако, за огромни суми на пари. 
 
Според очекувањата, прва се огласила „Vivid Entertainment” која ѝ понудила на Кајли Џенер да сними порно-филм со нејзиното момче, раперот Тајга, за хонорар од неверојатни 10 милиони долари, пишува порталот TMZ.com. 
 
„Секс снимката од Ким Кардашијан ја започна нејзината кариера, а и тебе би ти донела само позитивни работи“, ѝ напишал на Кајли шефот на „Vivid Entertainment” во писмото со понудата. 
 
Тоа не била единствената понуда, затоа што во трката се вклучиле и „BangYouLater“ кои понудиле 1.8 милиони долари и напоменале дека оваа снимка би ја направила попопуларна од Ким и од Парис Хилтон заедно, а додале дека има еден услов – снимката би требала да трае најмалку 22 минути. 
 
Трет играч е компанијата „Digital Playground“, која имала малку поинаков пристап и ѝ понудила титула „амбасадорка на брендот Digital Playground”. „Знаеме дека во ова би била добра, а со твоето секси тело, можеби самата ќе одлучиш да станеш ѕвезда.“, пишувало во поканата. 
 
Младата Кајли се уште се нема огласено по повод овие непристојни понуди, а со оглед на тоа што нејзината полусестра Ким се прослави откако беше објавено нејзиното „домашно видео“, ништо не е исклучено...