Џет-Сет
24. May 2016 - 12:04

Лепа Брена откри: Бата Живоиновиќ е виновен за се!

Фолк дивата Лепа Брена по трагичната вест за смртта на Бата Живоиновиќ откри дека великанот на српскиот театар и филм е виновникот за нејзината среќа со нејзиниот сопруг. Брена не ја крие болката за смртта на актерот и вели дека тој ја запознал со Слободан Живоиновиќ за време на снимањето на еден филм.

- Ме погледна, ме прегрна и ми рече дека тука се наоѓа едно момче со исто презиме како неговото. Ми рече Што правиш до мене оди до него! Така и ни почна љубовта, вели Брена низ тага.

Таа вели дека оваа загуба е ненадоместлива.