-->
-->
Лелеци плач и болка во Ургентниот центар - родителите во шок и неверување по ужасната сообраќајка кај Ниш
-->
За 15 минути примивме 30 повредени лица од кои 10 до 12 се животно загрозени. Меѓу тешко повредените има и десетина деца, изјавил за „Блиц“ директорот на Ургентниот центар на Ниш по страшната несреќа која утринава се случи кога воз удри во автобус и го преполови.
Лелеци, плач и болка се сликата и вресоците кои се слушаат во Ургентниот центарво Ниш по страшната несреќа кога воз удри автобус, при што загинаа три лица меѓу кои и дете, а потоа починаа уште едно лице и ученичка од 15 години додека беа оперирани.
Сите вработени беа вонредно викнати на работа, а сцените се потресни.
– Што згреши мојот син, има само 15 години. Да не биде жив за туѓа грешка, викал татко на починато момче.
Меѓу повредените е и возачот на автобусот.
И докторите и семејствата плачат денеска во Клиниката.
Министерот за здравство Златибор Лончар даде изјава за медиумите во која објаснува каква е состојбата на повредените.
-Во моментов во Клиничкиот центар се сместени 13 пациенти од кои осум се малолетни, имаат по 16 години. Двајца од нив се во тешка состојба. 16-годишна девојка има сериозни повреди на централниот нервен систем. таа беше оперирана од неврохирурзи, но се уште е во кома. Момче кое исто така има 16 години е во сериозна состојба поради големи повреди на кичмата, рече Лончар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација