Loading Video...
Македонија
7. January 2021 - 16:42

Лек и вакцина се двете решенија за крај на пандемијата – И двете ги има во соседството, но не и кај нас

Затворањето на неколку западноевропски држави за новогодишните празници го одолговлекуваат увозот на лекот Ивермектин за превенција и лекување на Ковид-19. Иако се најавуваше дека веднаш после Нова година ќе го има во аптеките на рецепт, од Министерството за здравство одговорија дека е дадено одобрение за увоз сега се зависи кога ќе го обезбедат македонските компании кои се занимаваат со оваа дејност.

- Дадено е одобрение за увоз од страна на Агенцијата за лекови и останува на компаниите на фармацевтските куќи кога ќе можат да го донесат лекот. Се очекува да пристигне месецов, кога ќе бидат слободни патиштата за транспорт. Сите административни процедури се завршени и сега прашањето е техничко кога ќе можат компаниите физички да го донесат, имајќи предвид дека има локдаун во неколку држави, велат од МЗ.

Кога официјално ќе стигне во земјава од Министерството информираат дека Ивермектинот ќе може да се зема само со лекарски рецепт од матичен или специјалист. Неофицијално лекот веќе се користи во Македонија, роднини на заболени во аптеки го набавувале од соседни држави.

Но, колку и да е ефикасен лекарите советуваат граѓаните да не го пијат на своја рака. Истиот може да се зема и превентивно од страна на лица кои поради работните обврски имаат контакт со потенцијално заразени.

-Втор случај е која имаат контакт со заболено лице за кое со сигурност знаете дека е заразено и не сте носеле заштита на лицето, зјави проф.д-р Дејан Докиќ, директор на Клиниката за пулмологија.

Покрај Ивермектинот надеж во спас од короната годинава се гледа и во вакцините. Од вчера Европската агенција за лекови даде зелено светло и за вакцината на Модерна за употреба во ЕУ. Но, според анализата на угледниот Гардиан имунизацијата на стариот континент се одвива побавно од очекувањата.

Лидер е е Израел со речиси 16 проценти опфат, во САД се искористени 1,5 дози на 100 луѓе, а во Русија, Данска и Германија опфатот е под 1 отсто.

Во Македонија првите 5850 дози од вакцината на Фајзер се очекуваат дури во февруари.