Loading Video...
Кошарка
27. September 2020 - 13:48

Лејкерси се пласираа во големото финале

Тимот на ЛА Лејкерс е првиот што обезбеди пласман во големото финале на НБА лигата. 
 
Предводени од Леброн Џејмс и неговиот трипл-дабл учинок 38 поени, 16 скокови и 10 асистенции, Лејкерси го совладаа Денвер со 117-107 и со 4-1 во победи го добија финалето во Западната конференција. 
 
Тимот од ЛА сега ќе го очекува исходот од финалето во Источната конференција во кое Мајами има предност од 3-2 во победи против Бостон. 
 
Следниот шести меч во серијата подобар до четири победи овие два тима ќе го играа во ноќеска во 1 часот и 30 минути.