Фудбал
8. December 2017 - 10:15

ЛЕ:Историски успех на Ц.Звезда

Екипата на Црвена Звезда направи голем клупски успех откако го совлада Келн со 1-0 и по 25 годишна пауза ќе презими во фудбалска Европа.

Натпреварот го следеа повеќе од  50 илјади гледачи на стадионот „Рајко Митиќ“ и приредија величествен момент кога  победничкиот гол за „црвено-белите“ го постигна Славољуб Срниќ во 22.минута.

На вториот натпревар од оваа група Арсенал го совлада БАТЕ Борисов со 6:0.

Арсенал е прв во групата со 13 поени, Ѕвезда има девет, Келн и БАТЕ по пет.

Жрепката за следната фаза ќе се одржи в понеделник во Нион.