Леди Гага се венчала по 14 дена врска? Нејзин пријател открил детали од церемонијата
Леди Гага (33) наводно се венчала во тајност со својот избраник, Мајкл Полански, по само две недели врска. Дека имало тајна венчавка потврдил извор близок до пејачката кој рекол дека церемонијата била боженствена и дека сите присутни уживале во неа.
Мајкл наводно ѝ подарил прстен на пејачката, а само неколку часа подоцна тие двајца го изговориле судбоносното „да“ на скапоцена јахта. Гага за кратко време ја маѓепсал, сега веќе нејзиниот сопруг. Извор близок до парот открил и дека тие се подготвени за проширување на семејството.
Имено, Гага наводно доживеала просветлување кога во текот на концертот во Лас Вегас паднала од сцената.
– Доживеа просветлување во болницата, и тоа откако падна од сцената на концертот во Лас Вегас. Многу ја погодија емоциите откако направи рендген на целото тело. Има сè што ќе посака, но ѝ недостасува некој на кој би можела да го остави сето тоа. Подготвена е и да посвои дете, а размислува и за опцијата сурогат-мајка. Таа доаѓа од силно и стабилно семејство и мајчинството е она што отсекогаш го посакувала – објаснил изворот.
Инаку, Полански е поранешен инвеститор, моментално работи како извршен директор на фабриката „Parker Group“, а дипломирал на Харвард.
Леди Гага пред Мајкл беше свршена со агентот Кристијан Карино, а кога се разделија се зборуваше дека причината за прекинот на врската е актерот Бредли Купер со кој пејачката го сними филмот „Ѕвездата е родена“.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок