Кошарка
1. February 2019 - 9:00

Леброн се врати за триумф на Лејкерс во градското дерби со Клиперс

По 17 пропуштени натпревари поради повреда на препоните, Леброн Џејмс се врати на теренот и беше еден од најзаслужните за триумфот на Лос Анџелес лејкерс во дуелот со градскиот ривал Клиперс.

„Езерџиите“ победија по продолжение, а Џејмс натпреварот го заврши со 24 поени, 14 скока и девет асистенции, што значи му фалеше само едно додавање за „трипл-дабл“.

За Лејкерси ова беше 27 победа наспроти 25 порази и сега имаат една победа помалку од Клиперси и се едно место (9. место)  зад нив во поредокот во Западната конференција.

Резултати на натпреварите во НБА-лигата играни ноќта четврток кон петок:

Детриот – Далас 93:89
Орландо – Индијана 107:100
Торонто – Милвоки 92:105
Сан Антонио – Бруклин 117:114
Голден Стејт – Филаделфија 104:113
ЛА Kлиперс – ЛА Лејкерс 120:123