Loading Video...
Кошарка
2. November 2019 - 13:40
Леброн и Дончиќ со историски настап
Настапот на Леброн Џејмс и Лука Дончиќ ја одбележа синоќешната програма во НБА лигата во која беа одиграни осум натпревари.
Тимот на ЛА Лејкес по продолжени го совлада Далас 119-110. Леброн и Лука средбата ја завршија со трипл-дабл и тоа Џејмс покрај 39-те поени, имаше и 16 асистенции и 12 скока, додека Дончиќ на 31-от поен придодаде 15 асистенции и 13 скока
Така дуелот меѓу „Лејкерси“ и „Маверикси“ е првиот во историјата на кој двајца кошаркари стигнале до трипл-дабл, а притоа оствариле по 15 асистенции.
Џејмс стана највозрасниот, а Дончиќ најмладиот играч, кој оствариле трипл-дабл со најмалку 30 поени и 15 асистенции.
Од останатите натпревари, го издвојуваме минималните победи на Бостон со 104-102 против Њујорк, односно Сакраменто кој со 102-101 ја победи Јута, како и поразот на Хјустон на гостувањето кај Бруклин со 123-116.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->