Фудбал
24. August 2017 - 19:30

ЛЕ: Шкендија вечерва против Милан игра за честа на клубот

 Екипата на тетовска Шкендија на првиот дуел од баражот со Милан претрпе убедлив пораз од 6:0 на „Сан Сиро“. Тетовчани се без шанси за пласман во групната фаза од Лига Европа.

На прес-конференцијата вечерва капитенот Ферхан Хасани рече дека негативата од првиот дуел е голема.

- Ќе излеземе на терен и ќе се обидеме да постигнеме победа, која многу ќе ни значи. Ќе покажеме дека во Милано не беше Шкендија во вистинското светло, истакна Хасани.

Тренерот на Шкендија Ќатип Османи нагласи дека се анализираа грешките. - Ќе се обидеме да постигнеме резулат кој ќе ги израдува нашите навивачи. Во Милано направивме индивидуални грешки, не колективни, а на подготовките за дуелот се обидовме да ги отстраниме. Играме против врвна екипа Милан, против која тешко е да се доминира во поседот на топката, но нема да се браниме, дополни Хасани.

Натпреварот меѓу Шкендија и Милан утре на „Телеком арената“ во Скопје почнува од 20:45 часот.