Фудбал
7. August 2020 - 9:27

ЛЕ: Севиља се справи лесно со Рома

Екипата на Севиља покажа зошто е хегемон во Лигата на Европа.
Освојувачот на пет трофеи на турнирот оствари релативно лесна победа со 2:0 против Рома во судирот меѓу двете екипи од 1/8-финалето.

Очекувањата беа за многу понеизвесен натпревар, но всушност Шпанците доминираа и не му дадоа шанса на противникот, решавајќи сè во првото полувреме со голови на Серхио Регилон во 22-та и Јусеф Ен-Несири во 44-та минута, откако можеа да победат многу поубедливо.

Потсетуваме, УЕФА одлучи да го одреди победникот на овој судир на еден натпревар поради пандемијата на коронавирус, со што се одложи првиот меч помеѓу двете екипи.

Натпреварот се одигра на „МСВ Арена“ во Дуизбург.

Резултати од ЛЕ:

Баер Леверкузен – Ренџерс 1:0
Севиља – Рома 2:0
Базел – Ајнтрахт Франкфурт 1:0
Вулверхемптон – Олимпијакос 1:0