Фудбал
11. December 2015 - 9:48

ЛЕ: Познати учесниците во следната фаза

Во четвртокот се одиграа натпреварите од шестото коло, во фазата по групи во Лига Европа, по што е комплетирана листата на учесници во нокаут фазата.
 
Група А
 
Фенербахче му се приклучи на Молде, кој во претходното коло се пласира во наредната рунда. Двата натпревари во оваа група завршија идентично 1:1.
 
Ајакс-Молде 1:1, Фенербахче-Селтик 1:1
 
Група Б
 
Ливерпул и Сион продолжуваат понатаму од оваа група, откако во меѓусебниот дуел одиграа без голови, а Рубин не успеа да слави во Бордо.
 
Сион-Ливерпул 0:0, Бордо-Рубон 2:2
 
Група Ц
 
Краснодар и Борусија Дортмунд уште во минатото коло ги решија дилемите околу патниците во шеснаестфиналето.
 
Дортмунд-ПАОК 0:1, Габала-Краснодар 0:3
 
Група Д
 
Наполи ја заврши групната фаза со максимални шест победи, а во последното коло жртва им беше Легија за која настапува Иван Тричковски. Покрај Наполи, дански Митјиланд ќе игра во нокаут рундата
 
Наполи-Легија 5:2, Митјиланд-Бриж 1:1
 
Група Е
 
Рапид во оваа група заврши пред Вољареал откако овие две екипи и претходно го имаа обезбедено својот пласман во нокаут рундата
 
Рапид Виена-Динамо Минск 2:1
 
Викторија Плзен-Виљареал 3:3
 
Група Ф
 
Олимпик Марсеј славеше над Слован Либерец и и се приклучи на Брага која во минатото коло ги реши дилемите околу понатамошниот пласман.
 
Гронинген-Брага 0:0, Либерец-Марсеј 2:4
 
Група Г
 
Во оваа група во минатото коло Сент Етиен и Лацио ги обезбедија првите две позиции, во меѓусебниот дуел во последната рунда одиграа 1:1.
 
Сент Етиен-Лацио 1:1, Дњипро-Розенборг 3:0
 
Група Х
 
Локомотив Москва славеше во Тирана над Скедербег и го освои првото место во групата, а лидерот по пет кола турски Бешикташ со поразот од Спортинг се прости од Лига Европа.
 
Скендербег-Локомотив 0:3, Спортинг-Бешикташ 3:1
 
Група И
 
Фиорентина со минималниот триумф над Белененшеш ја обезбеди втората позиција во групата зад Базел кој славеше во Полска во последното коло
 
Фиорентина-Белененшеш 1:0, Лех-Базел 0:1
 
Група Ј
 
Тотенхем го елиминираше Монако од Лига Европа со убедливиот триумф од 4:1, а покрај лондоснкиот тим во наредната фаза од оваа група ќе патува и Андерлехт.
 
Андерлехт-Карабаг 2:1, Тотенхем-Монако 4:1
 
Група К
 
Шалке и Спарта имаа обезбедено пласман во шеснаесетфиналето, но тоа не им пречеше да забележат гостински победи во Грција односно на Кипар.
 
АПОЕЛ-Спарта 1:3, Астерас Триполис-Шалке 0:4
 
Група Л
 
Најдраматичниот меч се одигра во оваа група, Партизан во Белград до 89 минута го имаше резултатот кој му гарантираше пласман во нокаут фазата, но Аугзбург успеа да постигне гол преку Бобадиља за конечни 1:3. Партизан и Аугзбург завршија со по три победи и исто толку порази, во меѓусебните дуели двата тима како гости славеа со 3:1, а пресуди гол разликата која е на страната на германскиот тим.
 
Првото место во оваа група го освои Атлетик Билбао.
 
Партизан-Аугзбург 1:3, Атлетик Билбао-АЗ Алкмар 2:2.