Фудбал
25. August 2017 - 8:39

ЛЕ: Познати сите екипи учеснички во групите

На 22 терени синоќа беа одиграни реванш бараж дуелите од Лига Европа по кои се познати екипите кои ќе играат во групната фаза од ова натпреварување на УЕФА. За првпат и Македонија ќе има свој претсавник во оваа фаза откако македонскиот првак Вардар успеа да го елиминира турски Фенербахче. Вториот македонски тим кој настапи во баражот Шкендија е елиминирана од Милан (Италија).
Резултати:
Фенербахче - Вардар 1:2 (1:4 вкупен резултат)
Шкендија - Милан 0:1 (0:7)
АЕК Ларнака - Викторија Плзен 0:0 (1:3)
Динамо Киев - Маритимо 3:1 (3:1)
Макаби Тел Авив - Алтах 2:2 (3:2)
Александрија - БАТЕ 1:2 (2:3)
Остерсунд - ПАОК 2:0 (3:3)
Шериф - Легија 0:0 (1:1)
Салцбург - Виторул 4:0 (7:1)
Зенит - Утрехт 2:0 по продолжение (2:1)
Судува - Лудогорец 0:0 (0:2)
АЕК - Бриж 3:0 (3:0)
Митјиланд - Аполон 1:1 (3:4)
Скендербег - Динамо Загреб 0:0 (1:1)
Видеотон - Партизан 0:4 (0:4)
Атлетик Билбао - Панатинаикос 1:0 (4:2)
Брага - Хафнарфјордур 3:2 (5:3)
Олимпик Марсеј - Домжале 3:0 (4:1)
Розенборг - Ајакс 3:2 (4:2)
Црвена Звезда - Краснодар 2:1 (4:4)
Хајдук - Евертон 1:1 (1:3) и 
Австрија Виена - Осиек 0:1 (2:2).
Покрај овие 22 екипи кои преку баражот обезбедија пласман во групната фаза ќе играат и 10-те екипи, кои не го минаа баражот од Лигата на шампионите и 16 екипи кои изборија директно учество.
Извлекувањето на групите ќе се одржи денеска во Монако со почеток во 13 часот. Вардар ќе биде во четвртиот „шешир“