Фудбал
26. February 2016 - 14:18

ЛЕ: Ливерпул против Манчестер Јунајтед во 1/8 финалето

Дуелот на поранешните европски шампиони меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед секако е најинтресната двојка од 1/8 финалето на Лига Европа. Тоа е епилогот од денешната ждрепка што се одржа во Нион.

Покрај дуел возбудливо се очекува да биде на пресметката меѓу Борусија Дортмунд и Тотенхем, додека во оваа рунда од иста држава (Шпанија) ќе играат и тимовите на Атлетик Билбао и Валенсија.
Двојки за осминафиналето:
Шахтјор - Андерлехт
Базел - Севиља
Виљареал - Баер 04
Атлетик Билбао - Валенсија
Ливерпул - Манчестер Јунајтед
Спарта - Лацио
Борусија Дортмунд - Тотенхем
Фенербахче - Брага
 
Првите натпревари се играат на 10.март, а реваншите на 17.март.