Фудбал
17. March 2016 - 23:33

ЛЕ: Ливерпул преку Манчестер Јунајтед во четвртфинале

Екипата на Ливерпул успеа да се пласира во 1/4 финалето на Лига Европа откако во реванш осминафиналето на гостувањето на „Олд Трафорд“ одигра нерешено 1:1. Манчестер Јунајтед поведе со голот на Марсиал од пенал во 32.минута, додека во 45.минута изедначи Кутињо.

Резултати на реванш натпреварите од осминафиналето:
Лацио - Спарта 0:3 (1:4 вкупен резултат),
Баер - Виљареал 0:0 (0:2)
Валенсија - Атлетик Билбао 2:1 (2:2)
Андерлехт - Шахтјор 0:1 (1:4)
Брага - Фенербахче 4:1 (4:2)
Манчестер Ј. - Ливерпул 1:1 (1:3)
Севиља - Базел 3:0 (3:0)
Тотенхем - Борусија Д. 1:2 (1:5).
 
Ждрепката за 1/4 финалето ќе се одржи утре во Нион со почетокот во 13 часот.