Фудбал
20. August 2015 - 23:18

ЛЕ - бараж: Работнички - Рубин 1:1

Македонскиот претставник во Лига Европа Работнички одигра нерешено на првиот дуел од баражот од Лига Европа со Рубин 1:1. Вечерва на Националната Арена „Филип Втори“ прикажа добра игра, но и повеќе од 30 минути играше со играч помалку по исклучувањето на Петровиќ (54.минута).

Рускиот тим Рубин поведе со голот на Карадениз во 68.минута, а изедначи Кире Ристевски во 85.минута.
Реванш натпреварот се игра на 27.август во Казан.