Фудбал
3. May 2017 - 23:13

ЛЕ: Ајакс убедлив против Лион

Екипата на Ајакс вечерва постигна убедлива победа на првиот полуфинален дуел од Лига Европа откако на домашен терен со 4:1 го победи Олимпик Лион. 
Ајакс по првиот дел водеше со 2:0 со головите на Бертранд Траоре во 25.минута и на Каспер Долберг во 34.минута. На почетокот на вториот дел Амин Јунес зголеми на 3:0 во 49.минута, а потоа Олимпик преку Матју Валбуена намали на 3:1 во 66.минута. Конечните 4:1 ги постави Траоре со својот втор гол на дуелот во 71.минута.
Во второто полуфинале утре ќе играат Селта и Манчестер Јунајтед, додека реванш полуфиналните дуели ќе се одиграат на 11.мај.