ЛДП: И граѓаните и полицијата да се воздржат од прекумерна сила
Протестите се демократско право, но апелираме до сите оние кои што неколку дена се наоѓаат на улиците пред нашите институции, да не користат сила и да не фрлаат со предмети кои што можат да повредат други луѓе, вели Теодора Димитровска, портпаролка на Либерално демократската партија.
– Свесни сме и знаеме дека протестот преставува уставно загарантирано право, луѓето кои што протестираат пред нашите институции имаат право да го прават тоа и да го изразат своето незадоволство на улици, но да се воздржат од употреба на прекумерна сила, додава таа.
Димитровска исто така упати апел и до оние службеници кои што се наоѓаат на теренот овие неколку дена, а кои што се од Министерството за внатрешни работи.
– Ве замолуваме вашите работни обврски да ги вршите во рамки и во согласност со законите, прекумерна сила во овие моменти не е потребна, ЛДП секогаш застанува зад интересот на граѓаните и во наредниот период такви ќе бидат и одлуките кои што ќе бидат донесени, вели таа.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна