Македонија
28. April 2017 - 10:25

ЛДП го осуди насилството во Собранието

Либерално-демократската партија (ЛДП) денеска ги осуди вчерашните насилства во Собранието и побара сите кои учествувале во инцидентите да одговараат пред законот.

Бараат, како што наведуваат, одговорност од организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, но и од Министерството за внатрешни работи што допуштило насилен влез во законодавниот дом.

Обидот за личнување пратеници, стои во соопштението, чинот на заплашување на народот и манипулирање мора да биде најстрого осуден и казнет.  Бараме осуда и одговорност и за нарачателите и за извршителите на овој грозен чин и силен удар врз институциите и демократијата во Република Македонија . 

ЛДП упатува и честитки до, како што соопштува, „новоизбраниот претседател на Собранието Талат Џафери“ и апелира на итно формирање влада.