Македонија
8. February 2023 - 19:33

Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта, трговски центри и објекти во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (08.02.2023) во 19.10 часот завршија сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 16 средни училишта и 5 други објекти во Скопје по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.