Лажна дојава за бомба во близина на струшко училиште
Лажна дојава за бомба во близина на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга ја прекина наставата претпладнево од 10 часот.
Според директорот на училиштето Шелким Алиу, полициски службеници дошле во училиштето и кажале да се евакуираат учениците поради дојава за бомба во близина на училиштето, по што наставата била прекината.
- Дојдоа надлежните од МВР од Струга и ни рекоа без паника да ги евакуирате децата од задните врати. Ги евакиравме без никаков проблем. Се претпоставува дека во една бугарска кола имало бомба во близина на школото. Дојдоа експерти од Скопје и Охрид, проверија и видоа дека нема ништо, изјави за МИА, Алиу. Тој посочи дека продолжила редовната настава од втората смена.
СВР Охрид детали за настанот најави за во текот на денот.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Уште многу криминали ќе бидат обелоденети во следниот период
-
ВРЕДИ: Ахмети да признае дека згреши што го штитеше Груби
-
Центрите втор дом за лицата со попречености
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Јове Кекеновски
-
ДУИ останува пред Уставен
-
Путин му даде азил на Башар ал Асад и неговото семејство
-
Утре протести поради загадениот воздух