Македонија
15. January 2022 - 20:54

Лазаров: Правевме грешки, не можев да реагирам затоа што се случуваа како на филм

Селекторот Кирил Лазаров истакна по вечерашниот натпревар против Црна Гора на Европското првенство во Дебрецин дека поразот на македонската репрезентација е апсолутно заслужен и се темели на големиот број технички грешки во редовите на „црвено – жолтите“.

„Правевме грешки во серија и самиот не можев да реагирам затоа што истите се случуваа како на филм. Играчи кои играат во клубови кои се дел од Лигата на шампионите не смеат да си дозволат вакви грешки“, изјави Лазаров.