Лавров: Западот ѝ објави тотална војна на Русија
Западот прогласи тотална војна против Русија и рускиот свет, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Западот прогласи тотална војна кон нас, кон рускиот свет. Никому ова не му е никаква тајна“, рече Лавров на состанокот на Советот на началниците на Уставните територии на Русија во Министерството за надворешни работи.
Лавров предупреди дека западната политика на „отфрлање“ на Русија ќе продолжи подолго време.
„Културата на отфрлање на Русија и сè што е поврзано со нашата земја достигна точка на апсурдност. Се забрануваат и такви класици како Чајковски, Достоевски, Толстој и Пушкин. Во тек е прогон против руската култура и уметнички работници. Генерално, може да бидете сигурни дека оваа состојба ќе трае“, рече Лавров.
„Мора да сфатиме дека ова го изложи вистинскиот став на Западот кон убавите пароли што беа изнесени пред 30 години по завршувањето на Студената војна, повиците за универзални хуманитарни вредности, за градење заеднички европски дом од Атлантикот до Пацификот. Сега можеме да ја видиме вистинската вредност на овие убави зборови“, рече Лавров.
Тој рече дека Русија сигурно нема да се согласи да го прифати ова.
Русија на 21 февруари ги прогласи за независни украинските републики Луганск и Доњецк, а на 24 февруари воено ја нападна Украина. Војната трае и денес.
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април