Свет
23. March 2017 - 12:34

Лавров: Русија е подготвена да разговара за намалување на нуклеарното оружје

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва е подготвена да разговара за намалување на нуклеарното оружје.

- Подготвени сме да разговараме за можноста за натамошно намалување на нуклеарните капацитети, но само доколку сите фактори бидат земени предвид, а не само бројот на стратешко-офанзивниот арсенал, истакна Лавров.

Шефот на руската дипломатија нагласи и дека „апсолутно е јасно оти се уште не е време“ за отстранување на комплетното нуклеарно оружје.