Свет
8. December 2016 - 20:51

Лавров: Ова не е Европа каква сите посакуваме

Рускиот министер за надворешни работи сергеј Лавров изјави денеска дека европскиот безбедносен систем и натаму се распаѓа и оти тоа не е „Европа каква сите посакуваме“.

На министерскиот совет на ОБСЕ во Хамбург, Лавров истакна дека ситуацијата во Европа и натаму е нестабилна, пренесува ТАСС.

- Основата на воено-политичката безбедност на Европа и натаму се распаѓа и расте бројот на терористичките напади. Дипломатијата и обострано корисните врски се заменети со ултиматуми и двојни стандарди, кои вршат едностран притисок и присила, истакна Лавров.

Според него, непристрасна анализа на воените потенцијали во Европа врзана е за уривање на митот за Русија како опасност.

- Треба да се разгледа мапата на континентот и заедно да видиме што и каде е распоредено. Убедени сме во резултатите на таквото истражување, кое би го урнало митот за опасноста од Русија и графички би се прикажале вистинските ризици, објасни Лавров.

Тој оцени дека ситуацијата не е така безнадежна и оти би требало да се отфрли „борбената реторика“, која и натаму постои.

- Ако сакате разговор со некого, не би требало и натаму да го обвинувате и да барате дијалог што би се одржал само под ваши услови, рече шефот на руската дипломатија.