Лавров и Ковач договорија динамизирање на руско-хрватската билатерална соработка
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во телефонски разговор со својот хрватски колега, Миро Ковач, се договори да се даде дополнителна динамика на билатералната соработка, јави ТАСС, повикувајќи се на руското Министерство за надворешни работи.
Министрите ја разгледаа состојбата и перспективите на руско-хрватската соработка и се обврзаа да дадат дополнителна динамика за развојот на политичката, трговско-економската и културната соработка, соопшти руското Министерство.
Постигнат е договор за реализирање на надворешно-политичките контакти непосредно по формирањето на новиот состав на хрватската Влада, по предвремените избори што се одржаа на 11 септември 2016 година.
Лавров и Ковач размениле и мислење за ситуацијата на Балканот. Двете земји го потенцираат значењето на зачувувањето на Дејтонскиот мировен договор за Босна и Херцеговина од 1995 година и максималното почитување на еднаквоста на двата составни дела и трите државотворни народи во Босна и Херцеговина, наведе руското Министерство за надворешни работи.
Ново на Сител
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
-
Скијачки центар Михајлово се отвора вo среда, најавен и превоз од Кавадарци
-
ОН одобри нова мировна мисија во Сомалија
-
Јамал: Ќе се вратам уште посилен по повредата
-
Русија соопшти дека ноќеска уништила десетици беспилотни летала кои Украина ги користела за напад на нејзина територија
-
Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски на видео-конференциска врска со македонските мировници
-
Мексико: Се судрија автобус и камион, осум загинати, 27 повредени
-
Ново обвинение за струшкиот градоначалник, одземен му е пасошот и друга исправа за преминување граница