-->
-->
Лауда: Моторџиите се поспектакуларни од Ф-1
-->
рикратниот светски првак во Формула 1, Ники Лауда, за време на посетата на Големата награда на Чешка, која викендов се возеше во Брно, рекол дека во моментов Мото ГП шампионатот е поспектакуларен од првенството на Формула 1.
„Занимливо е да се гледаат трките во Мото ГП шампионатот бидејќи можете да видите колку и на каков начин возачот се бори со својот моторцикл. За жал тоа не се случува во Формула 1, туку се случува спротивното. Болидите се полесни за возење, дури не ни проклизуваат“, рекол Лауда.
Легендарниот Австриец последните неколку години е еден од челниците на Мерцедес екипа која доминира во првенството на Формула 1. Но и покрај доминацијата на Мерцедес, Лауда, ги поддржува најавените технички промени во Формула 1 кои ќе започнат да се применуваат од 2017 година.
Големиот број на технички промени ќе продонесат болидита да станат побрзи што гарантира повеќе возбудувања на патеките.
Годинешниот шампионат во Формула 1 ќе продолжи во викендот кој е пред нас со трката за Големата награда на Белгија на патеката „Спа Франкоршамп“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати